Србија: Се јави гледачка во утринска емисија и обелодени дека била силувана од својот брат на само 6 години. Нејзините родители знаеле за инцестот (Видео)

Водителите на Утринската програма на ТВ Пинк Срѓан и Јована и адвокатот кој беше гостин останале зачудени кога им се јави гледачка која во раното детство била жртва на инцест.

-Братот ми силуваше кога бев малечка, имав само 6 години. Денеска имам 36 години и уште живеам со тоа. Тоа ми го упропасти животот, раскажа таа во емисијата во живо.

Гледачката обелодени уште еден неверојатен факт, а тоа е дека родителите знаеле за чинот цело време.

-Тие знаеја се, но молчеа. Сакаа да го заштитат. Јас бев дете и не знаев што да правам. Родителите денеска ми се починати, а јас продолжувам да живеам со тоа. И натаму ги сносам последиците. Мажот ме остави кога го дозна тоа. Редовно посетувам психолог, но не ми е значително подобро, со тивок глас, низ солзи раскажа таа.

(Изјавата на гледачката е по (9:10 минута)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *