21.XI.2017 kamenica.mk
Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова вчера оствари работна средба со претставници на градежно – проектантската компанија „Стокуќа“ од Скопје и „Karkanias Environmental Technology SA“ од Larissa, Грција. Станува збор за компании што развиват системи кои управуваат со еколошките проблеми, а се специјализирани за проектирање, изградба, и одржување на објекти за третман на отпадни води и индустриски отпад.
На средбата се разговараше за состојбата и третирањето на отпадните води во Македонска Каменица, како и можностите за изградба на објект кој ќе ги зафаќа и третира фекалните и индустриските отпадни води пред излевање во Камничка Река и Езерото Калиманци.