Градоначалникот Атансовски најави Меморандум за соработка помеѓу Општината и бранителите на Македонија во воениот конфликт од 2001 година

Македонска Каменица, 30.10.2023 година – По денеска одржаната работна средба и прием во кабинетот на градоначалникот на општина Македонска Каменица, на претставници од бранителите на Македонија во воениот конфликт од 2001 година, Атанасовски најави потпишување на Меморандум за соработка.
Со најдлабока почит и благодарност кон нивниот придонес, личните подвизи и жртви, денеска организирав прием и работна средба со сограѓаните – бранители на Република Македонија од здружението “Братство 2001” во воениот конфликт од 2001 година, – истакнува Атанасовски по работната среба, објаснувајќи дека целта на приемот е продолжување на грижата кон македонскиот национален дух и одбележувањето на значајниот придонес на нашите бранители кон современата историјата на Македонија.
Она што е особено важно, како што истакна Атанасовски, акцентот на работната средба бил ставен на скора изработка на Меморандум за соработка помеѓу бранителите и Општина Македонска Каменица.
Разговаравме за изнаоѓање на начини за поддршка, поуспешната интеграција и дополнително подобрување на условите за нашите бранители и нивните семејства. Со потпишувањето и спроведувањето на Меморандумот за соработка, сакаме да понудиме конкретни решенија и акции за подигање на нивниот статус на национални херои. Се надеваме на плодна соработка, со која во иднина, заеднички ќе го одиме патот кон подобро и посветло македонско утро, – додава Атанасовски на крајот од изјавата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *