Градоначалникот Атанасовски ја најави платформата #мЗаедница

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски ја најави платформата #мЗаедница.

“Ветивме целосна дигитализација на услугите во Општина Македонска Каменица и забрзано чекориме во тој правец” – изјавува Атанасовски, кој додаде дека “Платформата #мЗаедница наскоро ќе стане достапна за граѓаните на Македонска Каменица”.

Преку оваа мобилна и веб апликација, како што истакна градоначалникот Димчо Атанасовски, секој ќе може да комуницира со вработените во општината, да влијае на тековните активности, но и да ги реализира сопствените права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *