Градоначалникот Атанасовски потпиша меѓуопштински договор за дигитализација на општинските услуги

Денеска, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски соопшти дека во Штип го потпиша Договорот за меѓуопштинска соработка, со која се заокружува процесот на изработка на платформата за дигитализација на општинските услуги во Источниот плански регион.

– Благодарение на UNDP MK и Бирото за регионален развој, физичките и правните лица од Источниот регион ќе можат електронски да поднесуваат барања за околу дваесетина општински услуги, – стои во денеска објавеното соопштение од градоначалникот Атанасовски

Носител на проектот беше Општина Штип, а партнери се останатите 10 општини од регионот и Центарот за развој на Источен плански регион.
Платформата може да се користи со најава на eservices.eastregion.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *