Градоначалникот Атанасовски изврши увид врз градежните активности на терен

Македонска Каменица, 27. Ноември 2023 година – Градоначалникот Димчо Атанасовски, во рамки на своите работни обврски, денеска изврши увид врз тековните градежни активности, кои се вршат на повеќе локации на територијата на Општина Македонска Каменица.

 

Како што истакнува Атанасовски, станува збор за активности кои значат решавање на повеќе секојдневни реални проблеми на граѓаните. Тука, како најважни ги издвојува, доизградбата канализациона мрежа во должина од 300 метри во село Моштица – маала Влаинци; Изградба на нова фекална канализација во должина од 100 метри во Тепеѓовско маало и изградба на крак од канализационата мрежа во должина од 75 метри во Ковачевско маало во Стара Каменица.

 

 

Покрај овие инфраструктурни градежни активности во приградските и руралните средини, Атанасовски истакнува дека во завршна фаза е и изградбата на тротоарот на улица Осоговска, во близина на детската градинка Бамби.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *