Градоначалникот Атанасовски го посети настанот “Сакам книги” во организација на КИЦ “Романса”

Денеска, во Македонска Каменица се одржува еднодневен Саем на книги во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица. Настанот “Сакам книги” се реализира пред Домот на култура, каде во присуство на директори и претставници на институциите од локалната самоуправа, присуствуваше и градоначаникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Во кратката изјава, дадена по тој повод, Атанасовски вели “Радува фактот што културата повторно ја враќаме на највисоко ниво и бројот на културни настани од месец во месец е во постојан подем”.

Летната сезона, како што стои во соопштението од градоначаникот Димчо Атанасовски, ќе ја заокружиме со ново издание на манифестацијата “Каменичко Културно Лето” за што веќе се започнати првичните подготовки.

КИЦ “Романса” најави богат репертоар со културни настани за месец мај, пополнет со ликовни изложби, концерти, театарски претстави за деца и возрасни, како и одбележување на значајни датуми од историјата.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=165253609219816&id=100072055344868

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *