Гласно: Газдите на три текстилни фабрики должат дури пола милион евра за плати на вработените

Газдите на  три текстилни фирми,  на работниците  им должат половина милион евра за плати, тврдат од здружението Гласно:

  • Ако ги земеме неисплатените плати во Нина Фешн во Штип, Кадото ОТО во Крива Паланка и Трко Виница, доаѓаме до сума од околу 500.000 евра, пресмета Горан Трајковски од Здружението „Гласно“ – Штип.

Од вчера, околу 250 вработени од виничко Трико, излегоа на штрајк, откако последен пат, плата примиле за јануари лани:

  • До февруари не сме зеле ништо, последните месеци ни исплаќаат плата по еден денар, а во УЈП се книжени плати од по 15.000 денари, законски ли е тоа, како е можно, реагираат вработени во Зона Трико – Виница.

Поради ова, од Гласно бараат итна заштита на работничките права:

  • Имаме кршење на прават на работниците многу. Апелираме до инспекциските служби да направат контроли и да застанат во одбрана на работничките права, рече Кристина Ампева, Здружение „Гласно“ – Штип.

Во меѓувреме, правна помош на текстилните работнички им нудат од Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права:

  • Започнуваме со имплементација на проектот „Правно зајакнување на текстилните работничи за самосастапување“. Намерата ние д аја зајакнеме свеста на текстилните работничии да ги детектираат прекршувањата на нивните човекови, работнички и социјални права, да ги пријават, а ние им нудиме басплатна правна помош, објасни Игор Јадровски, правен советник во Хелсиншки комитет.

Текстилната индустрија е доминантна индустрија во источниот регион и од неа живеат околу 10.000 семејства.

Според последните податоци од Статистика, просечната плата во овој сектор е под 11.000 денари, а се погласни се обвинувањата за кршење на работничките права во овој сектор.

Извор на информација: ТелевизијаСтар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *