Денес улиците во градот беа полни со детски џагор. Дечињата од ЈОУГД “Бамби” во Македонска Каменица го одбележаа денот на шегата и смеата

И најмалите, дечињата од Детската градинка “Бамби” денес во Македонска Каменица го одбележаа денот на шегата и смеата. Тие маскирани во  ликовите од нивните јунаци и херои од цртаните филмови, продефилираа низ градските улици, а детската забава, смеа и џагор ја продолжија на градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Стотина дечиња од сите возрасти заедно со своите воспитувачки и негователки ги претставија своите вешто изработени маски. Сепак не постојат маски што се доволни да ги сокријат радоста и веселите лица на децата. Најголема радост на светот е детската.

Дечињата се натпреваруваа помеѓу себе во изборот за “Најубава Априлска Маска”. Секоја маска на веселите детски лица е убава, но сепак годинава победи прекрасно изработената маска на Матеј Атанасов, кој беше преправен во мало “кловнче”

Матеј како победник во изборот за најубава априлска маска доби и подарок од детската градинка “Бамби” кој му беше врачен од директорката Весна Јованова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *