“ГАРДИЈАН”: Само 26% од европејците ја сакаат Македонија во ЕУ

Истражувањето спроведено во шест земји на ЕУ покажува дека членството на Северна Македонија во ЕУ го поддржуваат 26 отсто, додека 27 отсто се против.

Поддршката за пристапување е најмала за Косово и изнесува 20 отсто, додека 37 отсто се изјасниле дека земјата треба да стане дел од Унијата, за Албанија односот е 24 отсто „за“, 35 отсто „против“, Србија (25 отсто „за“, 35 отсто „против“) и Грузија (25 отсто „за“, 31 отсто „против“)

Европејците се генерално отворени кон идејата за приклучување на Украина во Европската Унија (ЕУ), и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај нивното расположение е „млако“ кога станува збор за потенцијално проширување на Унијата со Грузија и земјите од Западен Балкан (меѓу кои е и Северна Македонија), покажува истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР), пренесува „Гардијан“.

Седиштето на Европската Унија во Брисел / Фото: Архива

Европската комисија (ЕК), потсетува британскиот весник, минатиот месец препорача официјално отпочнување на пристапни преговори со Украина и Молдавија, а за предлогот шефовите на влади на 27-те земји членки на ЕУ треба да разговараат оваа недела.

Што се однесува до предлогот за отворање преговори за членство со Украина, одговорот на прашањето дали ќе ја добие поддршката на сите земји членки е повеќе од неизвесно откако унгарскиот премиер Виктор Орбан во неколку наврати периодов изјави дека е против преговори со Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба вчера изјави дека би било погубно за Киев и за ЕУ доколку на самитот не биде поддржан почетокот на пристапните преговори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *