Галуп Интернешенел: Само петина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023, светот стравува од војни и економски тешкотии

Галуп Интернешенел: Само петина од Македонците очекуваат 2024 да биде подобра од 2023, светот стравува од војни и економски тешкотии

Само 20 проценти од граѓаните во земјава очекуваат 2024 година да биде подобра од 2023 (светскиот просек е 39%), 34 отсто сметаат дека ќе биде полоша (светскиот просек е 26%), а 40 проценти дека ќе биде иста како годинава (светскиот просек е 28%), покажува традиционалното глобално истражување на Галуп интернешенел „Крај на годината“, кое во РС Македонија го спровела БРИМА во периодот од 1 до 22 декември со анкетирање лице-в-лице на 1203 испитаници.

Во регионот, Косово (68%) и Албанија (57%) се со највисок степен на „позитивни“ одговори на испитаниците, т. е оние кои сметаат дека 2024 ќе биде „подобра“ од 2023.

 

 

Нешто слично како и во Македонија (20%), и во Србија (19%) и во Бугарија (18%) испитаниците покажуваат висок степен на песимизам за наредната година.

Во врска со економскиот просперитет, на прашањето „Во споредба со оваа година, според вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економски потешкотии или ќе остане иста за нашата земја?“, испитаниците во земјава и по ова прашање покажуваат видлив песимизам и се под светскиот просек, каде 17% сметаат дека 2024 ќе биде година со економски просперитет (светскиот просек е 28%), 42% сметаат дека 2024 ќе биде година со економски потешкотии (светскиот просек е 39%), a 35% дека ќе биде иста како 2023 година (светскиот просек е 29%).

Целиот текст ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *