В четврток, 29 јуни – прскање против комарци во Македонска Каменица

ВО ДОЦНИТЕ ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ НА 29. ЈУНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ТЕРАСТИЧНО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Македонска Каменица, 28. Јуни 2023 година – Општина Македонска Каменица упатува Соопштение до граѓаните дека во четврток, на 29 јуни во доцните вечерни часови ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари.

– Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, – стои во соопштението од Општината

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *