В среда Македонска Каменица ќе одбележи 80 години од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ

Општина Македонска Каменица во соработка со Културно информативниот центар “Романса” со пригодна програма ќе ја одбележи 80 годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ – македонска партизанка и југословенски првоборец од Втората светска војна.

– По тој повод, КИЦ “Романса” ги поканува сите граѓани на општина Македонска Каменица, организации и институции од локалната самоуправа, на заедничко одбележување на годишнината од смртта на народниот херој Вера Јоциќ со пригодна програма и положување на свежо цвеќе, – стои во поканата од Културно информативниот центар Романса

Настанот ќе се одржи на 22. Мај во среда пред споменикот на Вера Јоциќ во Македонска Каменица, со почеток од 11:00 часот.

Вера Јоциќ, постхумно е прогласена за народен херој на 20. Декември 1951 година. Родена е на 21. Август 1923 година во Сингелиќ, Скопско, а животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на 22 мај 1944 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *