В недела ќе се отслужи Света божествена литургија во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса

Македонска Каменица, 01. Јули 2023 година – Како што стои во Соопштението упетено од свештенството при Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” до верниците од Македонска Каменица и регионот, утре 02. Јули 2023 година, недела по педесетница; Свети апостол Јуда Јаковов; Преподобен Пасиј Велички ; Свети Јован Шангајски, во Манастирот посветен на Собор на Св. Архангел Михаил, во Аџиско маало во село Саса, со почеток од 08:00 часот ќе биде отслужена Света божествена литургија.

Децата до 7 годишна возраст може да се причестат без предходна подготовка.

По завршувањето на Светата божествена литургија ќе биде поделен посен ручек за здравје на сите присутни верници.

Повелете на заедничка молитва!
За многу години !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *