В недела „САСА“ и „Осогово“ играат пријателски натпревар во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22. Јули 2023 година – Во рамки на подготовките пред почетокот на натпреварите во Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса ќе одигра контролен натпревар против ФК Осогово од Кочани. Натпреварот ќе се одигра утре, недела 23. Јули, со почеток од 17:30 часот, на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

 

 

Натпреварувачката сезона започнува на 12. Август, па најверојатно овој краток период од новите тренерски имиња во двата клуба максимално ќе биде искористен за кондициско-тактички вежби и неколку контролни натпревари.

Во текот на минатата недела, екипата на ФК Каменица Саса одигра пријателски натпревар против Пелистер во Битола, каде беше поразена со 2:0.

Контролниот натпревар ФК Каменица Саса – Осогово се игра во недела, 23. Јули со почеток од 17:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *