Времето денес: Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд

02. Јануари 2018 каменица.мк

Утрово и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен југозападен ветер, а кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринските температури ќе се движат од нула до шест степени, додека дневните ќе се искачат од 4 до 13 степени.

Во нашиот град времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 1 степен, додека дневната до 10.

Нов влажен и постуден бран се очекува од четврток кога ќе има и локални врнежи од дожд и снег, како и опаѓање на дневните температури.

После тоа ќе следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат повторно во пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *