Времето денеска: Сончево и топло со температури до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *