Вработените во германската индустрија се изборија за 28- часовна работна недела

Вработените во Југозападна Германија го стекнаа правото за намалување на работното време според договор кој може да има корист од околу 1 милион луѓе, објави „ВВС“.

Вработените ќе можат да ја намалат работната недела од 35 до 28 часа за период од две години за да се грижат за своето семејство. Договорот опфаќа речиси 1 милион работници во провинцијата Баден-Вуртемберг и исто така им дава зголемување на платата.

Обемот на договорот може да се прошири на 3,9 милиони вработени во германската индустрија.

Што е договорено?

Намалената работна недела за подигнување на деца или грижа за постари или болни роднини беше едно од клучните барања на најголемиот синдикат на „IG Metall“, кој ги претставува работниците во металургијата и инженерството. Барањето на синдикатот дека овие вработени продолжуваат да добиваат иста плата и покрај намаленото работно време беше одбиено во преговорите со федерацијата на работодавци на „Südwestmetall“.

За возврат, компаниите ќе имаат можност да ја зголемат работната недела до 40 часа за вработените кои се подготвени да работат повеќе. Вработените, исто така, ќе добијат 4,3% зголемување на платите во април, и покрај обидите за зголемување од 6%. Договорот за исплата покрива 27 месеци и исто така предвидува еднократно дополнително плаќање.

„Договорот претставува пресвртница на патот кон модерна, автономна работна средина“, рече лидерот на „IG Metall“, Јорг Хофман. Во меѓувреме, шефот на „Südwestmetall“, Стефан Вулф, го опиша компромисот како „поднослив, но болен“.

Кој е контекстот на спорот?

Економијата на Германија забележа раст од 2,2% во минатата година, што е највисок за шест години. Невработеноста достигна ново најниско ниво од 5,4% во јануари.

По десетгодишниот период во кој платите пораснаа за само 0,81%, во услови на економско заздравување, синдикатите одлучија да им се обратат на барањата на работодавачите.

Илјадници членови на „IG Metall“ минатата недела учествуваа во еднодневните „предупредувачки штрајкови“, кој беше првиот што го организираше Унијата во последните 34 години. Меѓу погодените компании беа „Porsche“ и „Daimler“, кои производителот на автомобили „Mercedes-Benz“.

Двете страни рекоа дека ќе препорачаат договорот да се спроведе низ цела Германија. Може да се користи како пример за други сектори, како што се градежништвото, телекомуникациите и хемиската индустрија, каде вработените, исто така, инсистираат на пофлексибилно работно време.

Извор: Денар.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *