Сабота, 14:00 часот, термин резервиран за супер дербито на 14. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија
Во Струмица, се среќаваат ЖФК Тиверија – ЖФК Каменица САСА. Натпреварот се игра на стадионот Филип Лазаревски.
ЖФК Каменица САСА е трета на табелата, со еден бод заостанување зад ЖФК Тиверија и три бода заостанува зад моменталниот лидер на табелата, ЖФК Љуботен.
Доколку бидат овозможени технички услови на стадионот во Струмица натпреварот ќе биде пренесуван во живо од страна на Каменица.Мк.