Во сообраќајка на Голак двајца моторциклисти се здобија со тешки скршеници

Двајца моторциклисти од Делчево се „испокршиле“ на Голак. Со скршеници на нозете, градите и главата, момчињата завршиле во штипската Клиничка болница.

Овде стигнале по директен судир со своите теренски мотори. Несреќата се случила вчера на планинта Голак околу три часот попладне, место каде двајцата делчевци на возраст од 26 и 29 години моторите ги возеле често. По судирот, С.Г. и Н.К. прво биле однесени во делчевската болница, но поради сериозноста на повредите тие биле префрлени во Штип. Полицијата работи на целосно откривање на случајот.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *