Непобедливите детски екипи на ФК Каменица-САСА се нова гордост на градот

Детските екипи на ФК Каменица-САСА не знаат за пораз. Тие се новите лидери на табелите од детските лиги во Македонсија и нова гордост и убава приказна на Македонска Каменица. Во сабота ја пречекаа и “нагостија” виничка Слога 1934, каде во четирите одиграни натпревари каменичките млади фудбалски надежи постигнаа 17 голови, а примија само 4. Сето тоа говори за добра организираност и посветеност на клубот и кон најмалите категории. Особено одличниот тренажен процес и пристап кон децата што го има тренерскиот тим е главен виновник што играта на детските екипи резултира со ваква резултатска супериорност во однос на противниците.

Еве ги и постигнатите резултати од последното коло кое е одигра во Македонска Каменица на 29. Април (Сабота):

Генерација 2004/5   4:0

Генерација 2006/7   5:1

Генерација 2007/8   5:3

Генерација 2008/9   3:1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *