Во првото пријавување запишани 40 ученици во СОУ “Миле Јаневски Џингар”. Второто пријавување започнува утре на 27. Јуни

Заврши првото пријавување за ученици во Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица. Пријавени се вкупно 40 ученици. Второто пријавување од првиот уписен рок ќе се врши на 27 и 29 јуни.

– Најголем интерес во првото пријавување има за машинската струка, каде има запишано ученици и од соседно Делчево. Зголемен интерес кај учениците има и за гимназиско образование, – истакна директорката Данче Донева Гоцевска

Директорката на училиштето очекува поголем број на пријавени ученици и во останатите струки, рударска и текстилна, при второто пријавување на учениците ќе се врши утре, на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот.

Каменичката гимназија спроведе кампања во основните училиште во Македонска Каменица и регионот, каде непосредно пред полуматурантите беа презентирани условите за школување во училиштето. Интересот за запишување во СОУ “Миле Јаневски Џингар” е значително зголемен, особено за машинската струка каде веќе неколку години се спроведува дуално образование.

Ранг листата на запишани ученици од второто пријавување ќе биде објавена на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *