Во потрага по своите родители се возеле 80 километри под автобус

Идентитетот на момчињата не е објавен, но е објавено дека живат во „сиромашно село“ во областа Гуангси, и дека се обиделе да стасаат до своите родители кои работат во соседната област Гуангдонг.

Нивниот учител го пријавил нивното исчезнување на 23 ноември и биле пронајдени истиот ден под автобусот на една станица.

На фотографиите се гледаат две момчиња прекриени со кал како се држат за дното на автобусот.

Кинеските медиуми велат дека момчињата имаат „околу осум или девет години“ и дека немале никакви повреди.

Покрај тоа, се нагласува дека нивните семејства веднаш биле информирани, а нивните роднини ги земале истата вечер.

Би-би-си наведува дека ова се деца од рурални области чии родители се преселиле во градовите за да работат, такви има десетици милиони низ Кина.

Многумина живеат со своите баби и дедовци, или во екстремни случаи, сами. Двете момчиња во овој случај престојувале во своето училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *