Македонска Каменица, 18.04.2023 година – Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ објави радосна вест за верниците од Македонска Каменица и регионот.
– Со голема радост ве известуваме дека на 23.04.2023година (2 недела на Воскресение -Томина) ќе се изврши чинот на осветување на манастирот посветен на Собор на Св. Архангел Михаил во Аџиско маало, село Саса на м.в Среден рид.
![](http://kamenica.mk/wp-content/uploads/2023/04/337304079_901272367650256_4264529832565284759_n.jpg)
Чинот на осветување ке го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. Воедно ќе биде отслужена и Света Божествена Архиерејска Литургија.
По завршувањето на чинот на осветување на манастирот и Светата Литургија ќе биде поделен ручек за здравје на сите верници со почеток од 11:00 часот во дворот на манастирот, – известуваат од свештенството при Светиот храм
Христос Воскресе !
Навистина Воскресе !