Во Македонска Каменица пријавени 47 изнемоштени и болни лица кои денеска своето право на глас ќе го остварат во домашни услови

На територијата на општина Македонска Каменица има вкупно 47 болни и изнемоштени лица, кои денеска во домашни услови ќе го искористат своето право на глас на претседателските и парламентарните избори, истакнуваат од Општинската изборна комисија во Македонска Каменица.

Вкупен број на избирачи на претседателските избори во општина Македонска Каменица има 6641, додека за парламентарните избори тој број изнесува 6652 лица со право на глас.

Сите избирачки места, во текот на утрешниот ден, ќе бидат отворени од 07:00 часот. Гласањето за парламентарните и претседателските избори ќе се одвива до 19:00 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *