Во Македонија поскапеа цигарите за 10 денари

 

Во Македонија поскапеа цигарите за 10 денари, објави „24 Инфо“.

Читател на порталот испратил фотографија од фискална сметка на која се гледа новата цена на цигарите Малборо голд, кој ги купил во тобако во скопската населба Аеродром.

Согласно регулативите за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија.

Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа.

Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат најмалку по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 70 денари ќе чини над 110 денари.

Но во Македонија покачувањето на акцизата не секогаш се врзува со поскапувањето на цигарите во малопродажбата. Минатата година некои производители се решија цените да не ги покачат веднаш и акцизата да ја компензираат од сопствените приходи. Други производители пак поскапувањето го направија порано. Во Македонија оваа година веќе имаше еден бран на поскапување на цигарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *