Во Крива Паланка ечи по улиците “Нема Плата Нема Мир”! Штрајкот на текстилните работнички продолжува се до исполнување на нивните барања

kriva palanka rabotnici

Во Крива Паланка по повеќегодишно молчење на протестен марш излегоа текстилните работнички од фабриката Кадоро Ото каде за недостоинствена плата за живот работат и по 12 часа на ден.

После протестот во понеделник каде си ги бараа со мака заработените пари, од страна на менаџментот на компанијата беше ветено дека платите ќе бидат исплатени, што не беше случај.

Разочарани од новата лага на управата, денеска неколку стотици вработени маршираа низ улиците на Крива Паланка под името “Нема Плата Нема Мир”. За време на маршот извукуваа дека и тие како сите луѓе имаат право на достоинствен живот и право на зравствено осигурување.

Иницијатива и поддршка за вработените дадоа граѓанската иницијатива “Гласно” и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Инаку веќе години наназад, не само во Крива Паланка, се кршат работничките права, особено во текстилната индустрија, додека надлежните не преземаат ништо, па велиме, добро е што конечно собраа храброст и се спротивставија на неправдата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *