ТРАГЕДИЈА ВО ВИНИЧКО: Тракторист излетал од патот и починал на самото место

Вчера во 09.40 часот на локалниот пат с.Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница се случила сообраќајна незгода во која М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот.
Во незгодата возачот М.П од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од ПС Виница.
Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *