Јаболковиот оцет е меѓу испробаните лекови во народната медицина кој ужива голема популарност и често се употребува и денес.
За класичниот начин на употреба имаме зборувано досега, кој претежно дава резултати при слабеење и прочистување на организмот , но алтернативната медицина нуди и лекување на одредени состојби со помош на киселата течност.
Така, ако сакате да лекувате херпес, јаболковиот оцет ви дава позитивна прогноза.
За ова е потребно само да го третирате делот од кожата со тампон натопен со киселата течност по неколку пати на ден.
Нанесувањето е добро да започне уште пред да се формира самиот херпес, бидејќи на тој начин побрзо и поефикасно ќе се ограничи дејството на вирусот причинител на проблемот.