Во здраво тело: Симптоми кои најавуваат срцев удар

Секогаш е важно да ги следите сигналите кои ви ги испраќа вашето тело, посебно кога станува збор за смртоносни болест, како што е срцев удар.

Срцевиот удар не се случува наеднаш, туку може да се предвиди, а симптомите се јавуваат неколку недели пред да се случи.

Ве мачи несоница и стално чувствувате замор

Тоа може да претставува предупредување дека коронарната артерија се стеснува во голема мерка. Намален проток на крвта во срцето доведува до зголемена работа на срцевата пумпа, што прави да се чувствуваме истоштено и преморено, а притоа и да не можеме да заспиеме.

Отежнато дишење

Оваа појава е почеста кај женската популација. Поентата е во тоа што респираторниот и кардиоваскуларниот систем зависат еден од друг, па така кога срцето прима помалку крв, со самото тоа и белите дробови имаат и помалку кислород. Од тука и отежнато дишење.

Мускулна слабост и непријатно чувство во градите

Бидејќи имаме помал проток на крвта, недостаток на кислород, па со самото тоа и циркулацијата на крвта е се полоша. Тоа предизвикува до слабеење на мускулите. Колку повеќе се стеснува коронарната артерија, проток на крвта станува нерамномерен, а целото тоа се манифестира со гушење и болка во градите.

Доколку дојдете во состојба да ги почувствувате сите овие симптоми кај вас, ве советуваме веднаш да се обратите кај вашиот доктор, за да го спречите кобниот исход.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *