На 22.06.2024 во 23.42 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на улица ,,Ленинова“ во Виница настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со беровски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Г.(19) од с,Будинарци, беровско.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница.
На местото бил извршен увид.