ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: ЗАСИЛЕНИТЕ АКЦИСКИ СООБРАЌАЈНИ КОНТРОЛИ НА ПАТИШТАТА ПРОДОЛЖУВААТ

На 02.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршоци, од кои 14 во населено место и 7 надвор од населено место.

На 01/02.04. во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи.

Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои, 2 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно и 2 за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Izvor: Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *