Влажниот терен во Македонска Каменица беше потежок противник за игра од фаворизираниот гостински тим на Охрид

Македонска Каменица, 04. Ноември 2023 година – Денеска, на Градскиот стадион во Македонска Каменица екипите на ФК Каменица Саса и ФК Охрид одиграа натпревар од редовното 11. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија со нерешен резултат од 1:1.
Пожртвувана и борбена игра на сите поединци на теренот. Тешкиот и влажен терен за игра, спречи конкретна реализација на неколку наши изгледни шанси во вториот дел од натпреварот, за претворање на иницијативата во ново водство и победа, – истакнаа по натпреварот од ФК Каменица Саса
Стрелец на голот за водство на ФК Каменица Саса беше Сашо Дуков во 15 минута од натпреварот. Со погодок во 22 минута, гостите го израмнија резултатот стрелајќи за конечни 1:1.
Во следното 12. Коло од ВФЛМ, кое се игра на 12. Ноември, Саса ја пречекува екипата на Детонит од Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *