Висок пораз на моќниот белгадски Партизан во Македонска Каменица

Во борбата за деветото место во WABA лигата, ЖКК Баскет Кам високо го порази белградски Партизан со 99:84 (113:95 по продолжение на натпреварот)

 

Денеска, со почеток од 17:00 часот, во Спортската сала во Македонска Каменица, ЖКК Баскет Кам одлично го одигра последниот натпревар во Јадранската WABA лига од сезоната 2021/22. Во директната пресметка со трофејниот тим на Партизан Белград, шампионот на Македонија успеа да слави со 99:84 во регуларниот дел од натпреварот. Поради идентичен резултат со првиот натпревар во корист на гостите од Белград, победникот беше решен по продолжение од 5 минути, во кои Баскет Кам само ја потврди целосната доминацијата на теренот и контролата на играта за конечни 113:95.

Со денешната победа Баскет Кам го освои високото деветото место во WABA лигата. Иако е дебитант во ова европско клупско натпреварување, освојувачот на двојната круна во македонската кошарка, покажа дека Македонска Каменица наоѓа место под кошаркарското сонце и успешно се етаблира како значајно место во домашната и европската кошарка.

Натпреварот, со поддршка на нашиот интернет портал Каменица.Мк беше пренесуван во живо на официјалниот Youtube WABA канал. Линк до натпреварот ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *