Високи 6:1 за нова победа и нови бодови на фудбалските шампионки на Македонија

Заврши 13. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, а екипата на ЖФК Каменица САСА со победа од 6:1 против ЖФК Борец од Велес полека, но сигурно се враќа на врвот од табелата.

Стрелци на денешниот натпревар, одигран на Градскиот стадион во Македонска Каменица на минусни температури и клизав терен, за екипата на актуелниот шампион на Македонија беа Ана Димитровска (1), Пејтон Чик (2), Антонина Шопска (2), Ленче Андреевска (1)

“Денеска, имаме нова голема победа и нови три бода. Во денешното дерби, нашите девојки со тимска и квалитетна игра во двата правци одиграа натпревар за душа пред својата публика, кој беше крунисан со шест гола” – стои во кратката изјава на Зоран Златковски, стратегот на шампионскиот тим од Македонска Каменица.

Следното коло е резервирано за супер дерби натпреварот помеѓу ЖФК Каменица САСА и екипата на ЖФК Тиверија. Овој натпревар каменичанки го играат во гости, а претходно следува кратка пауза во натпреварувањата, поради настап на репрезентацијата на Македонија.

Фотогалерија од натпреварот ОВДЕ.

#ОдимеНапред

#ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *