ВИДЕО: Поглаварот на МПЦ со Повик за собир против Законот за родова еднаквост: Имаме света должност

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а пособено на жените и децата, се вели во соопштението од МПЦ.

 

 

Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а повикот е упатен и од поглаварот на МПЦ.

-Секој од нас и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци и како посебност и како сечовечко наследство и предание, да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа не само што го чуваме минатото, туку обезбедуваме и иднина како припадници на својот народ и човечката заедница, се вели во обраќањето на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *