(ВИДЕО) Македонска Каменица одбележа 150 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев

Во Домот на култура во Македонска Каменица беа реализирани редица активности по повод одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Во рамки на настанот, во организација на КИЦ ,,Романса” во соработка со Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар, се одржа литературно читање и тематска ликовна изложба.

Настанот, покрај рецитали и воведни обраќања до присутните, опфати литературно читање на творби и дела за ликот и делото на Гоце Делчев. Во рамки на пригодната програма подготвена од страна на учениците од основното и средното училиште, се одржа и тематска ликовна изложба, а беше прикажан и краток документарен филм за македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев, истакна, директорот на КИЦ ,,Романса”, Гоце Стојановски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *