Видеата за Гонев – Модерниот номад оставаат без здив: Вљубеник во природата и традиционалната храна

Во рубриката Инстаграм приказни денеска Точка.Мк не запознава со Гонев – Модерниот номад. Според неговите зборови, тој не е професионален готвач, туку само човек кој е заљубен во природата и готвењето во природа! Малку скромна изјава, со оглед на тоа што можеме да го видиме на неговите видеа на социјалните мрежи.

Гонев живее и работи во Радовиш, а тоа што не привлече малку подлабоко да го истражиме неговиот профил на Инстаграм е оригиналноста – неверојатни сцени од македонските убавини, храна од која ќе ви потечат лиги – и сето тоа споено со одлична видеомонтажа.

 

 

Тој себеси се гледа како вљубеник во природата и готвењето под отворено небо. Името „The Modern Nomad“ е комбинација на номадскиот начин на приготвување на храна на отворено, со неговиот модерен, набилдан физички изглед.

 

 

 

Причини да му се обратиме имавме многу! Промоцијата на македонските убавини е една од нив. Втората е привлечноста на неговите видеа, кои изгледаат толку професионално, што „палецот не ви дозволува да продолжите со скролање“ пред да ги догледате. И третата, тоа што ни се создава илузија дека можеме да го почувствуваме прекрасниот мирис на неговите јадење, гледајќи ги само преку нашите екрани.

 

 

 

Да го запознаеме Гонев преку шест видеа од неговиот профил на Инстаграм на Точка.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *