Вечер започнува летното сметање на времето

Некои велат дека ни дава подолг ден, други го поврзуваат со срцеви и мозочни удари, дури и со сообраќајни несреќи. Некои би сакале да го укинат. Еве неколку начини како да се справите со летното сметање на времето.

Војните отсекогаш биле време на иновации во нужда. Така, летното сметање на времето за првпат било воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што подолго додека е ден. Требало да се заштеди на струја. Другите земји го следеле примерот.

Оттогаш, на пролет ги поместуваме часовниците еден час напред, а на есен час наназад. Ноќта меѓу сабота и недела на 27 март, часовниците во два часот наутро се поместуваат на три часот.

Луѓето и другите животни имаат природно чувство за време, деноноќен ритам што се развива пред раѓање. Тоа е суштински дел од нашето битие. Играњето со тој ритам може да биде опасно. Истражувачите забележале зголемување на бројот на сообраќајни несреќи и срцеви удари кога часовникот се движи напред – повеќе отколку кога се движи наназад.

Од друга страна, компаниите имаат тенденција да профитираат од ограниченото време додека е ден, односно додека има сончева светлина. Во тоа време треба да работите и да бидете активни на други начини.

Така дојде до поделба последниве години. Голем број земји, од кои некои се во ЕУ, сакаат да го укинат летното сметање на времето. Турција и делови од Канада веќе го направија тоа. Србија претходно изјави дека ќе ја следи ЕУ.

Други, вклучително и САД, не размислуваат за такво нешто. Со едногласна одлука во американскиот Сенат помина Законот за заштита од сонце, кој предвидува дека промената на летното и зимското сметање на времето остануваат задолжителни. Тоа наскоро би можело да стане закон.

Во корист на поместување на часовникот

Најстариот аргумент на поборниците за поместување на часовникот беше и останува дека промената е добра за економската активност.

Вториот аргумент е подолг ден – еден час повеќе сончева светлина попладне или навечер. Се разбира, тоа не е навистина еден час повеќе, бидејќи не влијаеме на Сонцето, туку одлучуваме кога ќе го започнеме работниот ден, а кога ќе имаме време за одмор.

На пример, повеќе светлина по работното време ја поттикнува потрошувачката затоа што луѓето поминуваат повеќе време во шопинг, во кафулиња и ресторани. Но, и повеќе спортуваат.

Една од предностите е што користиме помалку вештачка светлина и електрична енергија. Сепак, зависи и од тоа каде живееме. Речиси нема разлика околу Екваторот. 

Целата вест можете да ја прочитате ОВДЕ dw.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *