Вечерва Роналдо против Левандовски за полуфинале на Еуро 2016

 

Полска или Португалија? Едните ќе се пласираат во полуфиналето, другите ќе си одат дома. Ниту еден од двата тима не одушеви во досегашниот тек од Еуро 2016, но сеедно успеаја да стигнат до четвртфиналето. Вечерва во Марсеј ќе биде познат првиот полуфиналист, а ние ви ги нудиме најважните информации пред мечот.

Кој е фаворит?

Тешко е да се каже. Според обложувачниците, во предност е Португалија. За едно евро вложено на Португалците ќе добиете 2.25, додека на Полска 3.70 евра. Неколку аргументи говорат во корист на Португалците. Со Роналдо, Нани, Едер или Мутињо тимот на Фернандо Сантош има подобри индивидуалци. Играчки и во офанзивата, Португалија делува посилно од полскиот одбранбен систем. Но Португалија досега повеќе разочаруваше одошто одушевуваше. Се провлече со три нерешени резултати во групната фаза, а потоа со многу среќа ја мина Хрватска.

Кој е подобар: Роналдо или Левандовски?

Обајцата полагаат право на епитетот најдобар напаѓач во светот. Самодовербата е поголема кај Кристијано Роналдо. Светскиот фудбалер на годината во 2008, 2013 и 2014 е неверојатно разновиден офанзивец. Со два гола и две асистенции во досегашниот тек од првенството, тој е клучот во играта на Португалија.
Од Роберт Левандовски, пак, досега не видовме ништо. Ни гол, ниту асистенција. Тој досега делуваше уморно, а поради тоа страдаше и напаѓачката игра на Полјаците. Во таква ситуација, актуелната форма говори во корист на Роналдо.

Каква игра да се очекува?

Лошата форма на Левандовски неговите колеги тешко ја компензираат. Аркадиуш Милик и Јакуб Блашчиковски досега ги постигнаа единствените три гола за Полјаците. Тоа е одраз и на лошата игра во нападот, но и на тактиката. Тренерот на Полска, Адам Навалка на првенството игра многу дефанзивно и е фиксиран на „нула“.
Во таква ситуација, Португалија ќе мора да ја преземе играта и да го диктира темпото. Португалците ќе мора да нападнат и токму тука лежи шансата на Полска: доколку Левандовски конечно проработи, тој е идеалниот играч за брза и успешна контра.

Што го очекува победникот?

Веројатно Белгија. Во второто четвртфинале в петок, Белгијците се големи фаворити против Велшаните. Без оглед дали ќе мине Полска или Португалија, против Белгија и двата тима ќе бидат аутсајдери.

Deutsche Welle

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *