“GNR повторно ја тресат Америка”

автор: Мартин Ангеловски

“GNR повторно ја тресат Америка”

tourpromo-default10

Легендарните Guns’N Roses повторно се заедно и моментално ги “тресат“ Соединетите американски држави. Во изминативе 20 години единствен член од оригиналната постава на ГНР беше Аксл Роуз. Практично по излегувањето на другите оригинални членови, Роуз одбра неколку од тогаш најдобрите музичари во светот, и бендот продолжи со работа. Иако бендот со новите членови беше навистина добар и во 2008та издаде албум “Chinese Democracy“, сепак Роуз често беше обвинуван од фановите на бендот, дека со својот став и карактер ги растурил ГНР. Албумот “Chinese Democracy“ со индастриал звукот стилски се разликуваше од претходните албуми но сепак можеше да се препознае дека станува збор за ГНР. По издавањето албумот наиде на микс критики, но сепак по податоците од 2010 е продаден во 2.6 милиони копии и беше позитивно прифатен од фановите. Со новиот албум и со новата постава, бендот неколкупати го заобиколи светот, но сепак фановите непрекинато бараа обединување на оригиналната постава. Роуз и останатите оригинални членови многупати беа прашувани од страна на фанови и новинари дали има некакви шанси за обединување. На ова прашање сите оригинални членови на бендот одговорија дека постои можност и дека би сакале тоа да се случи, додека Роуз одговори со зборовите: “Not in this lifetime“  https://www.youtube.com/watch?v=1GySgwfYOOA . Иако Роуз практично негираше дека тоа ќе се случи, сепак годинава на бендот официјално му се придружија и оригиналниот гитарист Слеш, и оригиналниот басист Даф. Бендот истотака доби и ново засилување на клавијатури, за прв пат музичар од понежниот пол. Имено станува збор за веќе етаблираната американска продуцентка и музичарка Мелиса Рис download. Бендот за прв пат по обединувањето настапи во еден од легендарните клубови на Сансет стрип булеварот во Лос Анџелес – “Troubador”. Во меѓувреме, следеа уште неколку настапи и ГНР ја објавија својата турнеја под насловот “Not in this lifetime“  http://www.gunsnroses.com/tour . Моментално се најавени настапи само во САД, но се шпекулира дека ќе бидат објавени и европски датуми за летото 2017. Останува да чекаме, и да се надеваме дека ќе ги чуеме во живо.

Официјална страна на македонски фанови на ГНР – https://www.facebook.com/gnrmk

Твитер – https://twitter.com/gunsnroses

Инстаграм – @gunsnroses

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *