Венцислав Симоновски Кичо – позната каменичка и македонска фудбалска легенда од делчевско Вирче денес трпи за леб

Венцислав Симоновски – Кичо, позната каменичка и македонска фудбалска легенда, денес буквално трпи за леб. Човекот кој во 1987 година беше дел од шампионскиот тим на Вардар кој ја освои шампионската титула на тогашна Југолавија, каде премина како играч на долгогодишниот тогашен прволигаш САСА од Македонска Каменица, сега е заборавен од сите, го поминува најтешкиот дел од својот живот, осамен, гладен и во мрак.

  • Немам никакви приходи. Струјата ми е исклучена, четири години веќе. Вака, без услови, тешко е , изјави Венцислав Симоновски.

Корка леб и помош Симоновски засега добива само од својата снаа која досега помош за него побарала од сите институции, но не ја добила од никаде:

  • Бев секаде, но од Социјалното ми велат дека не биле надлежни, кажа Стојана Симоновска, снаа на Венцислав.

Симоновски нема никаков приход. Во животот имал и успони и големи падови. Како фудбалер ги бранел боите на Македонија , сега како немоќен човек самува и гладува заборавен од сите:

  • Тој беше легенда, поим за овој град, а сега никој не сака да му помогне, како да не постоел, како ништо да не направил во животот, рече Стојана.

Ќе се сети ли некој на оваа фудбалска гордост и легенда Венцислав Симоновски Кичо и ќе подаде ли рака за помош? Некогаш сите се гордееле со овој човек, сега треба да се помогне. За да може оваа фудбалска легенда, колку толку да го продолжи животот во нормални услови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *