ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ од свештенството до верниците за Митровденската задушница поради најавените лоши временски неприлики со обилни врнежи од дожд

Македонска Каменица, 02. Ноември 2023 година – Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ упатува известување до верниците кои на претстојната Митровденска задушница ќе ги посетат вечните почивалишта на блиските.

Поради најавените лоши временски неприлики и обилни врнежи од дожд, упатуваме молба до верниците да бидат собрани во салите/објектите на гробиштата, каде ќе можат да биат поставени вареното жито со запалена свеќа на него и испишани имиња на покојните. Така свештениците ќе извршат општ парастос, каде ќе бидат спомнати имињата на сите покојни, – велат од свештенството при Светиот храм во Македонска Каменица, со благодарност за разбирањето од верниците.

Од свештенеството се надеваат дека најавените прогнози за лоши временски неприлики, за сабота (04 ноември), сепак нема да се остварат и Митровденската задушница ќе биде спроведена со претходно најавениот распоред за присуство на свештенството на вечните почивалишта на територијата од Општина Македонска Каменица.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *