ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛОВЦИТЕ ОД ЛД “М.КАМЕНИЦА – САСА” – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ЛД “М.Каменица – Саса” испрати Известување до ловците членови на друштвото и сите лица заинтересирани за ловење на дивеч. Известувањето ви го пренесуваме во целост:

Почитувани,

колеги ловци членови и оние кои сакаат да бидат членови на Ловно Друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” од Македонска Каменица Ве ИЗВЕСТУВАМЕ дека согласно решението од АХВ со бр 10-2257/11 и во исчекување на решението од МЗШВ,дека ловот на дива свиња започнува од 01.09.2022 односно прв ловен ден ќе биде 04.09.2022г.(недела) како и секоја недела,државен празник и по некој верски празник(за понатамошниот распоред ќе бидете дополнително известени) до 31.01.2022г со можност за продолжување.
Ловот ќе се одвива според напишаните насоки во решенијата дадени од надлежните институции.
Право на лов ќе имаат сите оние кои имаат платено ловна карта за сезона 2022/2023 во вкупен износ од 4500 денари до 02.09.2022г(петок).
За сите кои ќе уплатат после петок 02.09.2022г износот ќе биде друг односно поголем.
Дневна дозвола за други денови за членовите кои имаат годишна карта ќе изнесува 300 денари за оние кои не се членови ќе изнесува 500 денари.
Дневни дозволи во просториите на здружението петок 02.09.2022г од 09часот до 12 часот како и секој следен петок.
За подетални информции кај ловочувар Игор Јангеловски, телефон 071532607.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *