ВАЖНО: Започна уписот на дечиња во ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица

Македонска Каменица, 03.05.2022 година – ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица објави известување до родителите дека установата започна да врши  упис  на деца од  9 месеци до 6 годишна возраст, односно деца родени во периодот од 2017 до 2021 година.

„Поради навремено формирање на групите пожелно е уписот да се изврши најдоцна до 30.05.2022 година“, – истакува директорката на ЈОУДГ „Бамби“, Тодорка Велиновска која додава дека „родителите можат, уписот на дечињата да го извршат секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот, во просториите на  ЈОУДГ,, БАМБИ”.

 

Соопштение: Започна уписот на деца во ЈОУДГ „Бамби“

 

 

Со почит.

В.Д  Директор

Тодорка Велиновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *