ВАЖНА ВЕСТ: Воведена забрана за риболов во водите на Калиманско Езеро

Македонска Каменица, 03.05.2022 година – ЗРСК „Шаран“ Македонска Каменица испрати соопштение во кое „ги известува сите риболовци дека од денеска, 03. Мај до 03. Јуни 2022 година, риболовот на езерото Калиманци, Каменичка река и Брегалница од уливот дo Бигланскиот мост ќе биде забранет“. Во продолжението од известувањето стои дека, забраната на крапот ќе продолжи се до 30.06.2022 година.

Согласно решението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како шти стои во известувањето до риболовците, во периодот на забрана, контролата ќе биде засилена се со цел природниот мрест на рибите да биде поуспешен.

Секое непочитување на забраната ќе биде санкционирано од Државниот инспекторат за земјоделство и надлежните судови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *