Британскиот амбасадор Метју Ласон оствари работна средба со градоначалникот Димчо Атанасовски во Македонска Каменица

Британскиот амбасадор Метју Ласон оствари работна средба со градоначалникот Димчо Атанасовски во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 16. Ноември 2022 година – Во работна посета на Општина Македонска Каменица присуствуваше амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Ласон. Тема на разговор на заедничката средба со градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски беа повеќе актуелни теми од областа на енергетиката.
Во рамки на работната средба покрај разговорите за повеќе актуелни теми, ја искористив приликата да го запознаам британскиот амбасадор со историјата и традициите на нашата Општина. Со начините на нејзиното функционирање денес, со предизвиците предизвикани од енергетската и економската криза, како и со плановите на локалната самоуправа за градење и развој на Македонска Каменица во модерна и развиена Општина, истакна Атанасовски.
На средбата била нагласена и огромната придобивка за заедницата од добрата соработка помеѓу Општината и Рудник Саса.
-Го истакнав огромното значење и придобивките за заедницата од добрата соработка со компанијата “Рудник Саса”, како најголем екомонски оператор во нашата Општина. Нашите тековни инфраструктурни проекти со Рудникот Саса, како и идната заедничка визија за забрзан развој на општина Македонска Каменица, додаде Атанасовски.
Локалната самоуправа како што додаде останува подготвена и отворена за продлабочување на соработката со Обединетото Кралство во сите сфери од взаемен интерес. Атанасовски изрази надеж дека денешната посета ќе биде причина повеќе за почеток на многу нови заеднички проекти, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и развојот на Македонска Каменица.
Посетата на општина Македонска Каменица и работната средба со градоначалникот Атанасовски беше остварена во рамки на одбележувањето на 5-годишнината од приклучувањето кон Централ Азија Металс (ЦАМЛ) – специјализирана рударска компанија со седиште во Лондон, Велика Британија. Најголемиот македонски рудник за олово и цинк го посетија британскиот амбасадор Метју Лосон, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *