Брзи решенија за забоболка

Ве заболел заб во лош час? Следете не, советуваме како да ја намалите болката додека да отидете на заболекар. И, не заборавајте, при прва можност посетете го заболекарот!

Забоболката често ја предизвикува парченце заглавена храна. Обидете се да го отстраните со забен конец и темелно миење на забите. Освен тоа добро е енергично да правите гаргара со млака вода.

Држете ја устата затворена, дури и ако забите ве болат кога се допираат. Низ отворената уста влегува ладен воздух, а тоа ја засилува болката.

Земете парче вата, натопете го со масло од каранфилче или со капка етерично масло од нане и со него обложете ги непцата и забот. Можете да се обидете и со плакнење на устата со некој алкохолен пијалок затоа што алкохолот дејствувакако антисептик.

Ако нагло ве заболе заб, излупете и изрендајте копмир, завиткајте го во платнена крпа и ставете го на образот на страната кај болката. Веднаш ќе почуствувате олеснување.

Ставете резанка кромид во половина чаша оцет или вино и оставете ја две три минути да врие. Исплакнете ја устата и болката ќе престане за брзо.

Сите набројани решенија сфатете ги само како краткотрајни мерки додека да отидете на заболекар. И, се разбира, редовно и што почесто мијте ги и негувајте ги забите. Покрај секојдневната нега потребно е и одвреме на време да ги истриете со резанка лимон. Така ќе ги отстраните наслагите од никотин и кофеин и ќе добиете барем за една нијанса побели заби. Забите ќе ви бидат блескаво бели ако и еднаш неделно наместо со паста ги измиете со сол или со сода бикарбона.

извор: убаво.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *