Бојан Трајковски обезбеди место во историјата на македонската кошарка – прв кошаркар со два трипл-дабл натпревари во една сезона

Поранешниот репрезентативец на Македонија, нашиот сограѓанин Бојан Трајковски си обезбеди место во историјата на македонската кошарка како прв играч кој успеал во иста натпреварувачка сезона да стигне до два трипл-дабл натпревари. Ветеранот Трајковски беше во главна улога во триумфот на Феникс над Академија ФМП со 109-76. Крилниот центар доминираше против младиот гостински состав од Кисела Вода, реализирајќи 19 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

Покрај одличниот Трајковски, во победничкиот тим се истакнаа и Рис со 24 поени и 18 скокови и младиот Стојковиќ со 12 поени и пет асистенции. Најефикасни во таборот на Академија ФМП беа Петровски и Масевски со по 19 поени.

Трајковски првиот трипл-дабл сезонава го имаше на дуелот со Работнички, кога го предводеше Феникс до триумф со одличен ефект од 12 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *