Босанската репрезентативка Драгана Зубац големо засилување за Баскет Кам

Македонскиот женски кошаркарски првак, екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица доведе големо засилување за битката во одбрана на тронот.

Нова кошаркарка на клубот од Македонска Каменица е Драгана Зубац. Оваа 22-годишна кошаркарка е една од најталентираните во Босна и Херцеговина, веќе е сенироска репрезентативка и бележи одлични партии за националниот тим.

Зубац својата кариера ја започна во Млади Крајисник во Бања Лука, па играше за Бановичи пред да го направи првиот интернационален трансфер во романска Тара Барсеи. Следеа трансфери во Пинк Пецси од Унгарија и турски Хатај. Во декември 2022 година Зубац се пресели во Бенфика, кој за неа беше последен клуб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.